Идентификување на сите можни опасности и проценка на нивното влијание врз здравјето и безбедноста на вработените.
Подготовка на документирани извештаи со препораки за подобрување.
Нудиме стручни и интегрирани услуги во областа на безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита, заштита на животната средина и управување со отпад. Работиме со компании од различни индустрии, обезбедувајќи им правовремена поддршка, усогласување со законските прописи и имплементација на најдобрите практики. Нашиот пристап е флексибилен и прилагоден на специфичните потреби на секој клиент.
Дознајте повеќе за секоја од нашите услуги и како можеме да ви помогнеме!
Нашите услуги се усогласени со важечката законска регулатива, а соодветните закони можете да ги преземете овде:
* (Закон за заштита и спасување)
* (Закон за заштита и спасување и закон за безбедност и здравје при работа)
Идентификување на сите можни опасности и проценка на нивното влијание врз здравјето и безбедноста на вработените.
Подготовка на документирани извештаи со препораки за подобрување.
Развој на стандарди и процедури за безбедност и здравје при работа.
Обезбедување на сите потребни ресурси и опрема за заштита (лична заштитна опрема, противпожарни системи и сл.).
Инсталирање и контрола на механизми за превенција и заштита, согласно со законските барања.
Редовно тестирање и контрола на опремата за работа и испитување на микроклиматските услови во работната средина.
Организација на редовни обуки за вработените.
Едукација која ги подготвува вашите вработени за безбедно и правилно работење.
Обезбедување на обуки за безбедно користење на опремата, справување со итни случаи и други безбедносни процедури.
Обука на вработените за безбедност и здравје при работа.
Спроведување на редовни контроли на работните места и проверка на усогласеноста со пропишаните безбедносни стандарди.
Следење на ефективноста на спроведените безбедносни мерки и прилагодување на истите доколку е потребно.
Заштитата и спасувањето од пожари, експлозии и опасни материи, опфаќа мерки и активности од нормативен, оперативен, организационен, надзорен, технички, образовен, воспитен и пропаганден карактер со цел да се предвидат опасностите за да се преземат мерки и активности во превенирањето и спречувањето на опасностите пред настанување на несакани настани и последици. Кога отсуствуваат заштитно – контролните механизми опасностите и заканите со кои би се сретнале во секојдневието и во текот на деловните процеси загрозувањето на поединецот како субјект, и на правните лица е многукратно поголемо. Квалитативна и квантитативна анализа на ризиците во Вашата компанија се прави за рано превенирање пред настанување на можните опасности од природни непогоди и други несреќи, со предвидување на можни последици од истите.
Подготовка на документација за инциденти и несреќи и анализа на истите.
Консултирање и советување на клиентите за најдобрите практики и законски обврски во областа на безбедноста при работа.
Советодавно делување на интересите на клиентите во случај инспекција.
Објаснување на мерките који се преземени и советување во случај на наоди и препораки од инспекторатот.
Наведените документи претставуваат Законски наложена обврска, но и реална потреба на секоја компанија, независно од нејзината големина, организација и вид на дејност со која се бави со цел да се избегнат формите на загрозување.