Противпожарниот апарат тип S-9кг погоден е за гаснење пожари во рана фаза и е еден од најпродаваните типови на противпожарни апарати за гаснење почетни пожари.
Наменет е за гаснење на почетни пожари А, Б, Ц – класа на пожари.
Генерално може да се користи насекаде во: продавници, канцеларии, магацини, на сите работни места со ризик од пожар.
Противпожарниот апарат е под стален притисок и по употреба може да се наполни и да се стави во повторна употреба.
Противпожарниот апарат е во склад со стандардите EN 3-7+A1:2008, EN 3-8:2007, EN 3-10:2010.